Коментари

Мал таен состанок

По големите турбуленции на глобалната геостратегија, по војната во Југославија од 1999 и конфликтот во Македонија од 2001-та, по големиот и мал Џихад и псеудо апокалиптичните настани во Њу Јорк, маестро Коки одпатува во Пехчево за таму(изолиран од големата вознемирувачка прикаска)да ги подготви печките во кои ќе биде инициран еден по се’ високо контролиран алхемичарски пекол од 940 C° -температура при која оловото преминува во злато, а тоа пак во метафора за убавината на овие чудесни керамички суштества – творби, чеда или пак пријатели на уметникот(како што милуваше да ги нарекува Макс Ернст, тие скулпторски дела што ја сочинуваа неговата колекција – создадени од него самиот и од неговите креативни побратими од колонијалните пространства на планетава). Прв пат овие скулптури на Маестро Коки ми беа представени пред неколку месеци во тајната резиденцијана Господинот Н.Ш. Сокол – виден активист на андерграунд сцената, кој во својство на резидент ја овозможуваше логистиката на нашите конспиративни аналитички сеанси во обновеното М.А.З.Г.И. свикувани од страна на церемониал мајсторот Г.П. Велечесен и под покровителство на неговото височество војводата од Ајронхил. Во текот на мрачните предвидувања а-пропо“мирот во светот” што десперираните дискутанти ги најавија како можна појава во периодот на неоварваризмот во глобални размери, маестро Коки во својство на еден постмодернистички шаман ги приложи репродукциите одсвојот најнов опус. Творбите блеснаа во етерот на нашите перцептивни камери обскури како дијаманти во брзите како пастрмка дланки на Сер. Оливер Коки – аристократ, врвен познавач на економските паралогизми и секако пасиониран колекционер на убавите нешта. Во времињата кога Боговите војни водат, а музите молчат, Маестро Коки се престорува во некаков анархо – либералистички вулкан и почнува да ги пече своите порции чиста естетика…
Маестро Коки: Види ги овие печки (доставувајки фотографски документ), исти се како оние во Аушвиц…Оваа креативна авантура во Пехчево ми го доближи ничеовиот концепт за естетиката повеќе од кога било досега но не како историска или стилска парадигма, туку како процес, или подобро- драма во која виртуелноста на моралниот дискурс добива своевиден паметник…
Останатите (во еден глас): Но маестро Коки, зар помислувате на фактот што концепуализмот во својата револуционерна фаза токму “процесот” го инаугурираше како идеолошка акција за една нова општесвена естетизација при која ќе се избришат класно – историските дистинкции.
Маестро Коки: Секако, но исклучиво во една утопистичка перспектива, која останува само потенција наеден надминат креативно – интелектуалистички симулакрум, напуштен од историските текови како предекадентен и отфрлен од арт – маркетот како беспредметен и неапликативен во системите на потрошувачките модуси. Затоа ви велам пријатели на уметноста, возобновениот интерес за метафизиката која единствено може да биде посведочена низ баналитетот на алегориското, одново нуди гаранции за прастарите принципи на иманентност помеѓу процесот и артефактот, етикетата и естетиката, материјата и антиматеријата, Христос и Светот…
Останатите (во еден глас): Свети Августин вели: “Истури за да бидеш наполнет. Заборави да сакаш за да научиш да сакаш. Одврати се, за да бидеш повратен”. Кратко кажано: Сè она што треба да зема и прими, треба и мора да биде празно.
Маестро Коки: Токму така О’ пријатели на уметноста! Како во древната зен прикаска за учителот кој при запознавањето со својот ученик почнал да ја налива чашата со вода до нејзиното потполно наполнување, па продолжил понатака да ја налева чашата со вода до прелевање, а можеби – зошто да не и до потопување. Запрашан од ученикот зошто тоа го прави, учителот одговорил: Твојата свест е преполна со заблуди како оваа чаша со вода, а кога е толку полна како ќе пронајдеме место во неа за да ти ја преточам вистината?
Останатите (во еден глас): Болката минува,убавината останува!!!
Маестро Коки: Токму така мои пријатели на уметноста. Деконструирајки го сижето и исцрпувајки ги контекстите доаѓаме во допир со перфекцијата на битието. ЕЕЕЕееееј!
Во истиот момент Маестро Коки исчезна вовлекувајки се во една поголема дупка на подот. Неговио тарлекински шарм остана како поздрав… Подоцна заморени од силното чудење заљомзивме во длабока халуцинација следејки го Маестро Коки во Пехчево… како се приближува кон печката ноншалантно, носејки го сиот тој џез со себе, како Пинк Пантер…

 
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *