Коментари

Нешто друго

Ако ги држиш очите затворени доволно долго, и ако за миг успееш да излезеш од магнетното поле на земјината топка, ќе видиш дека човекот не е тоа што се чини дека е. Навикнати да ја гледаме контурата на неговото тело како зададена вредност, ја пропуштаме глетката на неговата загадочна внатрешност: блескава светлина што кожата вешто успева да ја камуфлира однесувајќи се како чадор за сонце во врел летен ден… Сонце што се тркала по струјата на крвотокот и успева секогаш навреме да го исклучи или вклучи зрачењето, за да не може ништо да се забележи кога се гледа од надвор.
Најголемата навика ја создаваат мислите. Тие ја сецкаат реалноста во блендерот на своето наметливо сèприсуство, и кога ќе ја иситнат до состојба на прашина, ја расејуваат наоколу како привид. Светот станува гроб на стварноста, поточно урна во која е собрана пепелта на принудната минливост.
Треба да се мисли едноставно: еднаш детство, засекогаш детство. И со силата на овој нов завет, целиот живот да и се посвети на светлината…
 
од Невидливи Вежби, издадена од Пунктум 2011
кликни овде за повеќе од истата книга

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *