изборПревземено

Македонската културна преродба

Македонската преродба, секако, датира од браќата Миладиновци, посебно од Константинмиладиновата “Т’га за југ” и Димитармиладиновата “Збирка на народни песни”, објавена во 1861 година од загрепскиот бискуп Штросмаер. Меѓутоа, поавтентична “културна преродба” може да се открие пред само педесетина години. Поетот Коста Рацин (1908 – 1943), чија збирка “Бели мугри” беше објавена во Загреб во 1939 година, честопати е нарекуван “татко на македонската модерна книжевност”. Популарната народна пиеса “Македонска крвава свадба”, на Војдан Чернодрински, напишана на почетокот на дваесетиот век, беше првата македонска автентична драма. Нивни современици беа поетите: Коле Неделковски, Антон Попов, Мите Богоевски и Никола Јонков Вапцаров. Културната преродба на поствоениот период, исто така, најде израз во продукцијата на “Вардар филм”. Како што беше вообичаено во социјалистичките кинематографии во тоа време, писателите коишто имаа слух за владејачките лидери одиграа водечка улога во продукцијата на македонскиот игран филм. Владо Малески (1919 – 1984), писател на куси раскази и литературен издавач, го напиша сценариото за “Фросина” (1952), првиот македонски игран филм на белградскиот режисер Воислав Нановиќ. Подоцна Малески напиша едно од класичните дела на модерната македонска белетристика, романот “Разбој” (1969). Славко Јаневски – чиј роман “Селото зад седумте јасени” (1952), инаку реалистичен пристап на секојдневниот селски живот, беше првиот роман објавен на македонски – соработуваше како сценарист со љубљанскиот режисер Франце Штиглиц во снимањето на “Волча ноќ” (1955) и “Виза на злото” (1959). Како плодотворен писател, Јаневски ја адаптираше за екран класичната историска драма на Војдан Чернодрински “Македонска крвава свадба” (1967), во режија на Трајче Попов; соработуваше со Панде Ташковски на филмската адаптација на подоцнежниот епски воен роман “Доследни на заветот” пренасловен во “Македонскиот дел од пеколот” во режија на Ватрослав Мимица од Загреб; и ја адаптира сопствената хуманистичка новела “Две Марии” за филмот со наслов “Јазол” во режија на Кирил Ценевски. Јован Бошковски (1920 – 1968), писател на кратки раскази и новелист, е специјализиран за сценарија на тема Илинденското востание и краткотрајната Крушевска република во 1903 година. Тој ја адаптира за екран својата популарна новела “Солунските атентатори” (1961), во режија на Жика Митровиќ од Белград и соработуваше со Љубиша Георгиевски во “Републиката во пламен” (1969). Бошковски беше еден од сценаристите на филмот “Мементо” на Димитрие Османли – игран филм кој ја прикажува трагедијата од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година. Симон Дракул (1930 – 1999), поет и романописец, ја доби Златната арена на Пулскиот фестивал за неговото сценарио за филмот “До победата и по неа” (1966) на режисерот Жика Митровиќ, воена приказна со хуманистичка порака. Тој, исто така, го напиша и сценариото за еден од клучните играни филмови на македонската кинематографија: “Време без војна” на Бранко Гапо (1969), бескомпромисен приказ на науспешното колективизацијата. Тој, исто така беше автор и на сценаријата на филмовите “Цената на градот” (1970) на Љубиша Георгиевски и “Македонска сага” (1993) на Бранко Гапо. Драмскиот писател Коле Чашуле (роден 1921), кој беше во еден период и директор на Македонскиот народен театар, својата успешна драма “Црнила” (1962) ја гледаше како драма за политички атентат, адаптирана за филм во “Денови на искушение” (1965), во режија на Бранко Гапо и со двајца еминентни македонски писатели Димитар Солев (роден 1930) и Гане Тодоровски (роден 1929) како соработници на сценариото. Подоцна, Димитар Солев тимски со Гапо работеше на сценариото според својот историски роман “Под усвитеност” за младите во партизанскиот отпор пренасловен во филмска верзија како “Истрел” (1972). Живко Чинго (1936 – 1986), познат како еден од најдобрите во новата генерација македонски писатели што се појавија на сцената во 1960-тите години, беше сценарист на филмот “Жед” (1971) на Димитрие Османли, одговор на “Вардар филм” на критички наречениот “црн филм” во југословенските киносали. Приказната “Татко”, исто така, послужи како инспирација за “Колнати сме, Ирина” (1973) на актерот-режисер Коле Ангеловски. И Петре Андреевски (роден 1934), кој е прогласен за врвен поет во Македонија на Струшките вечери на поезијата во 1971 година, го напиша сценариото на филмот со позитивна критичка оценка “Најдолгиот пат” (1976), историски еп од периодот на Илинденското востание, добитник на Сребрената арена на пулскиот фестивал. Општо е признато дека македонската кинема
тографија официјално созрева во 1971 година, кога писателот Ташко Георгиевски, роден во Егејска Македонија 1935 година, во 1971 го адаптираше својот познат роман “Црно семе” (1962) за филмска верзија со ист наслов и во режија на Кирил Ценевски. Оваа приказна за трагичните последици на Граѓанската војна во Грција го доби своето филмско продолжение во 1981 година со “Црвениот коњ” во режија на Столе Попов, по сценарио на Ташко Георгиевски, кој повторно ја документираше болката и страдањето на невините Македонци од Егејска Македонија, собрани во Северна Грција за транспорт и прогонство во Средна Азија за време на сталинизмот. Филмовите “Црно семе” и “Црвениот коњ”, и обата добитници на високи награди на филмските фестивали во Пула и Белград, ја создаваат суштината на македонската кинематографија.
извор – Кинотека на Македонија

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *