Македонија

Македонска студентска дружба

Македонска студентска дружба (1890-1891) – културно-литературна и национално-политичка асоцијација на македонски студенти во Софија што стана јадро на Младата Македонска Книжовна Дружина. Во годините на бегства и прогонства на учениците и студентите од Македонија во Белград и во Софија, во процесот на созревањето на македонската национална мисла, група македонски студенти од Вишото училиште во Софија (претежно од дотогаш пребеганите од Белград: Д.Груев, П.Поп-Арсов, Д.Мирчев, Хр.Поп-Коцев, Н.Наумов, Н.Дејков и др) кон крајот на1890тата година тајно организираат една Студентска дружба со цел – сведочи Д.Груев – 
Заемно да си влијаеме за да се подготвиме за задружна работа, кога бевме решиле по свршувањето на науките сите да се прибереме внатре во Македонија, бидејќи бевме сознале дека таму има нужда од интелигентни сили. Во овој интимен круг веќе се беше породила идејата да се образува револуционерна организација.
За Дружбата се подготвил правилник, во којшто биле назначени и целите –
Научни цели, а всушност целта беше да се подбереме за идната работа во Македонија.
Тоа го потврдува и Петар Поп-Арсов, додавајќи дека подготвениот правилник бил даден за печатење во Романија, но изгорел заедно со печатницата. По убиството на бугарскиот министер Белчев (март 1891) дел од групата (Груев и Наумов) се уапсени и истерани од факултетот, Дружбата се растура, а по пуштањето затворените бегаат во Македонија и тука (во други форми) ја продолжуваат револуционерната дејност.
ЛИТ.:Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација
Гледај – ВМРО: Корените на МРО

Гледај – Борбата за слобода под национално име 1890-1893

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *