Превземено

Македонија го поседува неутриното

Во рудникот Алшар на планината Кожув се наоѓа богато лежиште на  еден од најретките минерали во светот, поточно Лорандит (сончев камен), кој е предмет на истражување многу години, а своевремено беше активен меѓународен специјален проект “Лорекс“.
 
читај повеќе за Алшар, лорандитот и неутриното
 
Македонија е земја богата со минерали кои се исплатливи за експлоатација, а минералното богатство на една земја е од непроценливо значење.
 

Тоа го потврдуваат академикот Глигор Јованоски и професорите Блажо Боев и Петре Макрески во нивното дело “Minerals from the Republic of Macedonia with an introduction to “Minerology“, кое се должи на 25 годишното истражување.
 
Делото е достапно само на англиски јазик и претставува краток вовед во минерологијата и опис на геолошките зони во Македонија, кои се наоѓаат на 66 локалитети од кои што се собирани минералните примероци и комплетен опис на 80 минерали од кои преостануваат уште 5 кои треба да се истражат.
 
Рудникот Алшар, кој се наоѓа на територија на општина Кавадарци е национално богатство на Македонија. Алшар е антички рудник кој се наоѓа во планината Кожув и во кој се наоѓа богато лежиште на  еден од најретките минерали во светот, поточно Лорандит (сончев камен), кој е предмет на истражување многу години, а своевремено беше активен меѓународен специјален проект “Лорекс“.
 
При крајот на осумдесетите години од минатиот век во кој се тврди дека е дојдено до знaчајно откритие за откривање на тајната честичка неутрино, за која се претпоставува дека е носител на енергијата од Сонцето. На оваа тема велат дека сеуште има потреба од доистражување.
 
Професорот од штипскиот универзитет д-р. Блажо Боев, ексклузивно најави дека се одобрени сретства за проектот “Лорекс“ и тој ќе биде реактивиран по 15 годишна стагнација. На светско ниво до сега се евидентирани 4.700 различни минерали, од кои во Македонските наоѓалишта се пронајдени 130, околу  2,77 отсто од вкупнот број на познати минерали во светските наоѓалишта. Ова со факти го поткрепува Академикот Глигор Јовановски кои цитира “Македонија зафаќа 0,017 отсто од вкупната територија на светот, а поседуваме скоро 3 отсто од вкупнотно минерално богатство“.
 
Делото на тројцата научници се планира да послужи како медиум преку кој ќе се популаризираат  фирмите кои се занимаваат со екплотација на минералните богатства во Македонија.
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *