Превземено

Древно Македонско писмо


Македонското дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета е научна хипотеза од авторите Аристотел Тентов и Томе Бошевски, предложена во 2006 година, според која средниот текст од Каменот од Розета, староегипетски артефакт, е напишан на старомакедонски јазик, а дека писмото со кој е напишан текстот е старомакедонско писмо. Според нив, ова писмо се користело од македонците за време на Кралство Македонија, спротивно од верувањата дека македонците го користеле само грчкото писмо.
Оваа хипотеза се противи на глобалниот поглед во научната заедница според кој средниот текст од Каменот од Розета е напишан на демотското писмо кое се употребувало во Стар Египет. Според хипотезата, ова писмо било многу слично со старомакедонското. Наместо старомакедонското писмо, во светот се користи старогрчката азбука за пишување на јазикот и за бележење на гласовите. Тоа произлегува од фактот дека старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле двете користени во Античка Македонија, според Тентов и Бошевски. Во 9 век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле заменети со новата македонска азбука – глаголицата.
pdf
Во средниот текст на Каменот од Розета се пронајдени, документирани и дешифрирани околу 4500 знаци. Аристотел Тентов и Томе Бошевски во својот труд заклучиле дека писмото е составено од три групи на знаци и тоа: симетрични знаци, асиметрични знаци и коси знаци. Исто така во средниот текст има забележано и присуство на пиктографи и лигатури. Со комбинација на овие три групи на знаци се добиваат слогови и пишувањето е слоговно. Јазикот се чита и пишува од десно кон лево.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *