изборИнтервјуа

Ексклузивно интервју со професор Домагој Николиќ

Здраво живо г-ине Николиќ. Ви благодариме за овозможената прилика за интервју.

За почеток, иако веќе имате кажано во неколкуте ваши претставувања во македонските медиуми, кој е Домагој Николиќ?
Живо здраво ЛОЗА. Со вакви истражувања се бавам повеќе од 10 години. Дипломирав на London School of Economics and Political Science, а магистрирав на Rochester Institute of Technology, каде што денес предавам применети технологии. Воените години на Балканот и повоениот период ги поминав со многу хуманитарна работа, највеќе со враќањето на бегалците и обнова на разрушените подрачја од војната, така да многумина ме познаваат во скоро сите делови на Југославија.
Како се случи да почнете да истражувате во Македонија?
Си ја сакам Македонија, од секогаш сум ја сакал и ја посетувам со голема радост. Во 2011тата дојдов барајќи остатоци на древното рударство и напредни технологии заедно со цивилизациите кои што ги создале. Во Македонија имам многу драги пријатели. Ретко може да се сретнат толку познавачи на древноста, вистински истражувачи, и ќе се осудам да речам – мистици и филозофи во едно релативно мало место како убавата Македонија.

Што Ве привлече кон мистичното Овче Поле?
Овче Поле е мојата голема љубов. Ме привлекува неговата питома дивина. Имам чувство дека многу долго играло една од најважните улоги во заборавеното минато. Тука се случувале големи цивилизациски напредувања, но и обратното. Денес гледаме во ретките остатоци од тоа древно време и се обидуваме да ја согледаме сликата на уништената целина. Според мене, во најмала рака се работи за исконот на македонската цивилизација и светиот простор на кралевите – филозофи.

Колку често доаѓате, и што измеривте со Вашите колеги од SB Research group?
Доаѓам релативно често, од прилика 2 пати годишно. Понекогаш и почесто, кога има потреба. Позната е мојата хипотеза за гробот на Александар Македонски на местото Канда близу до Црнилиште, позади која и денес цврсто стојам. Имам среќа да работам во мултидисциплинарен истражувачки тим под патронат на Универзитетот во Трст, па така сите свои хипотези можам да ги тестирам практично. Со неинвазивни методи и со помош на најмодерната опрема се обидуваме да утврдиме дали оваа моја хипотеза е точна и до сега ме нема демантирано ниту еден податок од резултатите од мерењата. Аномалиите кои ги наоѓаме во електромагнетниот и акустичниот спектар, т.е. хармонијата која што ја мериме, укажуваат на постоење на правилни, то ест резонатни структури под земја. Дали тоа е точно, ќе видиме наскоро. Во декември минатата година објавивме научен труд во кој што своите пронајдоци ги презентиравме на конференцијата ARSA (Advanced Research in Scientific Areas) која секоја година ја организира Универзитетот од Жилине, Словачка. Уште еден труд со додатна анализа ќе биде објавен на друга научна конференција, многу наскоро.

Кои се вашите планови за во иднина и дали ќе ги продолжите истражувањата во Македонија?
Би сакал да кажам дека го обезбедивме најмодерниот гео-радар за длабока пенетрација, кој на суво тло може да продре и повеќе од 20 метри под површината на земјата. Осигуравме специјални спектрални камери кои би требало да ни помогнат при детерминирање на споменатите аномалии. Се надеваме дека ќе ги добиеме потребните дозволи од македонските власти, за да можеме да извршиме снимање и еднаш засекогаш да го отстраниме прашањето – Дали геоглифот во Овче Поле крие подземни структури?

Би било убаво ова да се случи годинава, пред почетокот на дождовниот период. Со тоа нашето истражување ќе биде готово и информациите ќе ги предадеме во рацете на конвенционалната археологија која би требало да започне со археолошки ископувања. Можеби би ги снимале и аномалиите во тунелите во Кратово, за кои што тврдам дека се едно од најголемите чуда, и тоа е тоа. Знаете, имам многу други приватни, работни и истражувачки обврски. Моментално работам на синопсисот за докторскиот труд на тема Ерусалимскиот храм во Солин, то ест Сплит, кој планирам да го одбранам на универзитет во Русија или САД. Се надевам дека ќе имам почеста можност да доаѓам во Македонија кај моите пријатели и да се дружам со нив, да си ја хранам душата. Тоа никогаш нема да го запоставам.
Што би порачале на македонскиот народ во овој бурен период?
Па кој ме слуша мене? Но ете, кога веќе прашувате… Евангелието по Лука вели – Лечителите ќе се излечат себе, па би сакал да појдам од овде и не говорам само за Македонците, туку за целиот народ од бившата Југославија, кој за мене е еден те исти народ. Мислам дека самите сме извор на своите слабости и дека нема лоши нешта кон кои не сме склони. Се делиме беспотребно и сакаме да се прогониме едни со други. Махабхарата кажува дека кога боговите некого ќе осудат на пропаст, прво му го одземаат паметот. Епа, ние нашиот одамна го изгубивме. Земјата ни е претворена во исцепкани територии кои што неможат да ги осигураат основните услови за просперитет. Во таа зона на самракот странските фактори ги помрднуваат фигурите и го работат она што сметаат дека треба, но и она што го сакаат. Но, ние самите сме криви за тоа – така се однесува кон народ кој ги изгубил разумот и честа. Ако не се исцелиме, ни се заканува потполна катастрофа и исчезнување. И не гледам како обртот ќе се случи без големи неволји, мислам дека мораме да веруваме во доброто и да се подготвиме за злото. Тоа е мојот оптимизам – на долгорочен план ќе победиме, но борбата нема да е ни кратка, ниту пак лесна.
Ви благодариме, ЛОЗА.
прашања – Никола Ристевски
Би можело да Ве интересира:
Канда – Дух над материја
Резултати од мерењата на геоглифот во Овче Поле
Мистеријата на гробницата на Александар Македонски
 

 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *