Коментари

Леонардо да Винчи

Словените прво се викале Аријци, потоа Пелазги, па Етрурци, па Венети, а најпосле Словени. Меѓу другите имиња се појавува и името Анти, па оттаму и произлегува поимот антика
Леонардо да Винчи, најголемиот ренесансен гениј, е роден во 1452 година, во малото место Винчи во северна Италија. Името на неговото место на раѓање веднаш потсетува на некои места кои се наоѓаат на Балканот. Винча во Србија, на пример, каде што се наоѓа фамозниот Институт за атомска физика, Виница, мало гратче во источна Македонија или, пак, Виниче, село во североисточниот дел на Скопската Котлина. Секако дека овие топоними не се случајно толку слични, а оваа чудесна подобност упатува на одредена историска припадност. Тука, пред се’, мислам на древното историско наследство на Словените, кои низ вековите биле именувани на различни начини. Од Аријци, потоа Пелазги, па Етрурци (последниве го населувале северниот и централниот дел од Апенинскиот Полуостров и создале висока култура и цивилизација цели 1000 години пред појавата на Римското царство), па Венети, за подоцна овие народи да бидат именувани како Словени, име кое го носат до денешните дни. Меѓу многуте други имиња се појавува и името Анти, па оттаму, најверојатно, и произлегува поимот антика, кој означува нешто древно.
Како и да е, самиот лик на Леонардо да Винчи, кој потекнувал од скромно аристократско семејство, упатува на ова генетско наследство. Леонардо, имено, бил надарен со исклучителна физичка убавина, со руса кадрава коса и сини очи, со прекрасна става и лик на ангел. Затоа, кога влегол како ученик во уметничкото ателје на маестро Верокио, често бил користен како модел за ликовите на ангелите, што големиот мајстор на сликарскиот и скулпторскиот занает, маестро Верокио ги вообличувал за богатата клиентела и, секако, за црквата, која во тоа време била најголемиот стимулатор на уметничкиот пазар, кој станувал се’ пообемен и порафиниран. Што се однесува до интелегенцијата и способноста за учење на младиот Леонардо, таа била како да се симнал од небесата, просто божествена и неспоредлива со која било личност на негови години. Затоа неговиот престој во ателјето на Верокио не траел многу долго. Тој за неколку години не само што го научил уметничкиот занает до најситните детали, туку и ги надминал сите свои современици, вклучувајќи го и самиот Верокио, кој гледајќи во ангелот што го насликал младиот Леонардо, го советувал да прекине со изучувањето на сликарскиот занает кај него и да основа своја сопствена уметничка работилница. Така, Леонардо продолжил по својот пат, кој подоцна ќе го вознесе до самиот врв на светската историја на уметност.
Но, Леонардо не бил само уметник, тој бил и научник и филозоф и еден од најобразованите луѓе на своето време. Неговите интереси за сето видливо и невидливо немале граници, ниту пак неговата потреба да создава и промислува некогаш дошла во кризна состојба. Тој, пред се’, бил неверојатно прецизен и суптилен опсерватор на природата, исто како и најголемиот антички скулптор Лисип, кој своевремено изјавил дека никогаш немал учител и дека се’ што научил, научил посматрајќи ја природата. Леонардо посредно (преку римските копии на големите мајстори на Балканскиот, во тоа време Македонскиот Полуостров, од антиката) бил запознаен со врвовите на светската уметност, од која била обземена ренесансата. Исто така, не му биле непознати теориските дела на староримските научници и филозофи, како, на пример, најпознатото дело на Лукрециј, под наслов „За природата“, во кое овој антички гениј нашироко ги објаснува загатките на феноменолошките аспекти на постоењето.
Во своите препораки до потенцијалните покровители и финансиери на времето, Леонардо набројува енормен број способности и квалификации, а на последно место ги става своите способности за сликарската уметност, иронија, која ќе ја создаде самото време и историјата, која го презервира за вечност ликот и делото на Леонардо, токму низ неговата неповторлива уметност. Но, Леонардо не е само генијален уметник, тој е и врвен теоретичар на уметноста, можеби и прв од овој тип во историјата на уметноста. Тој, исто така, е и голем експериментатор во уметничката пракса. За жал, некои од неговите експерименти не вродиле со успех, за огромна несреќа на подоцнежните генерации љубители на неговата префинета уметност. Таков е случајот со огромната фреска „Битката кај Ангијариј“, која во виорот на Леонардовата манијакална потреба за изнаоѓање нови технологии и пристапи, едноставно била сосема уништена од огнот, со кој сакал да го скрати времето на сушење и да создаде своевидна глазура. Денес сведоштвото за ова ремек-дело ни доаѓа преку неколкуте цртежи на Петер Паул Рубенс, кој на своето студиско патување низ Италија имал можност да се воодушеви од Леонардовите студии за ова монументално дело.
Нешто подобра судбина доживеала фамозната и парадигматична фреска на Леонардо, „Тајната вечера“, која била страшно оштетена од француските војници, кои при крајот на Леонардовото време ја окупирале северна Италија и градот Милано, каде што се’ уште се наоѓа ова ремек-дело. За неговите слики (масла на дрво) и да не говориме. Тие и ден денес восхитуваат со неговото ненадминато мајсторство, со длабоката поетичност и неспоредливата атмосфера на духовност што зрачи од нив. Најпознатото ремек-дело на портретната уметност во светски рамки, е токму Леонардовата „Мона Лиза (Џоконда)“, слика која стана симбол на ликовната уметност. Темелните истражувачи на уметноста при анализата на ова ремек-дело увиделе дека таа е насликана во 27 слоеви, што сугерира на една неверојатна доследност, концентрација, студиозност и трпение на овој мајстор над мајсторите на сликарската уметност.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *