Македонија

Кирил Прличев – револуционер, Илинденец, масон

Припадноста во братството на слободните ѕидари на Кирил Прличев, син на легендарниот Григор Прличев, член на тајниот револуционерен комитет во Солун уште од 1894та година – во литературата воопшто не е спорна. Во неговата биографија е забележано дека бил и комита во четата на војводата Дедо Стојан, потоа делегат од Воден на Конгресот на ВМРО во 1896та, член на Централниот комитет на ВМРО во 1901ва од Солун, секретар на задграничното претставништво на ВМРО во Софија кога задгранични претставници биле Гоце Делчев и Ѓорче Петров, учесник во Илинденското востание, раководител на хуманитарни друштва, издавач на весници и присутен во многу сфери на јавниот живот.
(Неговите сфаќања за самобитноста на македонската нација не се предмет на овој напис, ниту за тоа дека неговата личност е малку третирана од македонската историографија).
 
Евидентирано е неговото членување во ложата Светлина во Софија, во 1923та година, но неизвесно е дали бил масон во времето пред, или непосредно по Илинденското востание.
текстот е превземен од книгата

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Погледнете го документарниот филм за Кирил Прличев:

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *