☉ иМАГиНАРиУМ ☉изборКоментари

Џон Ди и мистериозниот Македонец


Во Големата Бела Глава пренесовме извадок од книга со обраќање од Џон Ди.
Кој бил Џон Ди, советникот на Британската Кралица од 16от век?

Визионер на Британската Империја, основоположник на терминот Британија. Развил план за Британската Морнарица и бил прв кој што ја искористил геометријата на Евклид во навигацијата. Своевремено создал и инструменти за практикување на истата со кои што ги обучувал првите големи навигатори на Кралството. Нацртал многу мапи и ги обележал Североисточниот и Северозападниот премин. Како философ, алхемичар, кабалист, маг, научник – станал советник на Кралицата Елизабета -изработувал хороскоп за Нејзиното Височество. Нивната соработка започнала откако успешно ја определил датата на нејзиното крунисување, по што таа го посетила јавајќи на коњ. Бил еден од првите во Редот на Розенкројцерите. Бил адепт во езотеријата и окултизмот. Кралицата го овластила да основа легална колонија во Северна Америка, за што се говори во некои извори. Дури Шекспир го споредувал со некои ликови. Во една прилика го продал Voynich Manuscript, еден од најмистериозните написи што некогаш постоел. Купувач бил Римскиот Император Рудолф Втори кој што платил со многу злато. Своевремено ја имал најголемата библиотека во Англија – броела над 4,000 книги.


Во неговата работа и окултни истражувања со и преку битија од оној свет бил помогнат од Едвард Кели. По неговите инвокации на јазикот на Енох, овој му ги манифестирал суштествата преку стаклена топка. Почитуван во целиот свет како еден од најзначајните алхемичари на неговото време.

Се запрашавме – дали еден влијателен империјалист од 16 век би можел да има некаква врска со Македонија? Разгледувајќи ги неговите списи и биографии, наидовме на мошне интересен настан од животот на двајцата алхемичари.
Dee was at this time hard pressed financially. He had previously, as has been noted, applied unsuccessfully to Burleigh for a licence to discover hidden treasure. It was not long before he asked the spirits for assistance in such a scheme. One of them, Prince Bornogo, had declared “Behold the Bowels of the Earth are at my opening”; “whereupon,” writes Dee, “I requested him to helpe me with some portion of Treasures hid, to pay my debts withall and to buy things necessary.”(157) But on this occasion, Dee was merely reproved for being a worldling, and informed that earth’s treasures were being saved for antichrist. Shortly afterwards however, a mysterious “Macedonian” arrived at Mortlake, and held consultation with Dee about a joint enterprise for the excavation of treasures (158). Kelly perhaps scenting unwelcome rivalry, promptly had a vision – even Dee saw a black shadow – showing this man with a Greek word “written in great letters….about his hat,” which signified “macularus” or “condemnatus”; Dee then broke off negotiations with him.
слободен превод:
Во овој период, Ди имаше финансиски проблеми. Како што беше забележано, претходно неуспешно аплицирал за дозвола да открие скриено богатство. Не поминало многу време пред да ги праша духовите за соработка. Еден од нив, Принцот Борного, објавил дека “длабочините на Земјата се во негова надлежност”, по што Ди пишува “Го замолив да ми помогне со некој дел од скриените Богатства, за да ги платам своите долгови и да ги купам неопходните нешта”. Во оваа прилика Ди  беше предупреден дека богатствата на земјата се чуваат за антихристот. Набрзо потоа, мистериозен Македонец пристигнал во Мортлејк и имал разговор со Ди во врска со заедничка соработка за ископување на богатства. Кели можеби почувствувал несакано ривалство, и наскоро имал визија – дури Ди видол црна сенка – покажувајќи го овој човек со збор напишан со големи букви кај неговата шапла, што значел MACULARUS или CONDEMNATUS; по што Ди ги откажал преговорите.

Никола Ристевски
 

Related posts
Коментари

За епископијата на Свети Климент

Коментари

Свети Климент Охридски или Велички(Белички)?

Коментари

Сложно Свети Николе! (четврти дел)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Leave a Reply

Your email address will not be published.