Коментари

Кралот на гуштерите

Поминаа 44 години од “смртта” на Џејмс Даглас Морисон. Лидер на еден од ретките влијателни бендови од минатиот век, кој што нема учествувано на Woodstock 69тата, ja пали погребната клада со првиот воопшто напишан текст на гитаристот Роби Кригер – Light my Fire. Правејќи ги првиот бенд кој што имал билборд реклама, лукавиот продуцент Paul Rotschild успева да го донесе првично срамежливото момче и тројцата млади музичари до многу уши и души, низ целиот свет. Како тоа спонтаната соработка помеѓу студентите по режија и нивните другари стигна до ниво од кое што испрати силна мистична порака, неповторена скоро пола век?

Читајќи ги Керуак, Гинсберг, Rimbaud, Бодлер, Кафка, Ниче и слични, стигнал и до древните записи на Плутарх, ирската и шкотска крв во него го вовела и во мистериите на древните друиди, сам се запознал со тајните на индијанските шамани, а мистериите на Дионис го направиле она што ден денес публиката го памети – вонвременски водич низ (не)познатите патишта на (не/над/пот)свесното. Публиката се запозна со комерцијалниот лик на Џимбо во филмот на Оливер Стоун од 1991вата. Таму, во сцената каде што во позадина од мртва тишина до лудило расте Carmina Burana, сведочиме за разговорот за Бакхите на Дионис, и неговата реминисценција на древните мистерии. Истата опсесија е присутна и во текстовите, каде што јасно се става во улогата на пророк од генерацијата на цвеќето и ја најавува ерата на водолијата – …they croon the ancient ones, the time has come again…beneath the moon, beside an ancient lake…an ancient lunatic reigns…во истиот филм, по фотосесијата Young Lion (со познатиот змиски ѓердан на неговиот врат) се појавува скулптура на Александар од Македон. 
Една од жртвите на Чарлс Менсон, тогашниот стилист Jay Sebring го прашал Морисон на каков начин да му ја оформи косата. Без збор, овој од внатрешниот џеб извадил слика од скулптура на Александар Македонски. Оливер Стоун ко случајно, го бира истиот актер за улогата на таткото на Александар, Филип. Овде нема потреба да објаснуваме за поврзаноста на Филип од Македон со древниот бог Дион. The Doors беа овековечени уште на еден филм, документарен од 2009тата, насловен When You Are Strange. Нарацијата е на Џони Деп (истиот ја одбива улогата која што подоцна му е доделена на Вал Килмер во филмот на Стоун), кој што мирно нè води низ обновените видео записи од историјата на бендот и чита дел од поезијата на Морисон. Mr Mojo Risin’, крикот од L.A. Woman е анаграм од Jim Morrison. Од филмот дознаваме и за неверојатната трансформација од 25 до 27 годишна возраст. Навидум безобразните крици од The End се посветени на неговата средношколска љубов, а знаејќи како влегувал во домот на црвенокосата Памела, не нè чудат стиховите на Backdoor Man (кои што сепак може да се разберат во различни контексти – време за насмевка). Истата Памела – љубовта од младоста го наговорува да се преселат во Париз за да може да се смири од целиот стрес, судењата и лошото опкружување. Таму и умира, а според одредени интервјуа од тоа време, “поради стресот кој што го преживеала од неговата смрт во кадата, девојката пријавила 4 дена подоцна, на 7ми јули” (!?!?). Погребан е на Père Lachaise (Источните Гробишта) во Париз, каде што почиваат и Оноре де Балзак, Едит Пјаф, Шамполион, Шопен, Пруст, Оскар Вајлд…


Lost in a roman wilderness of pain,

where all the children are insane…

All the children are insane,

waiting for the summer rain…

Неговата посветеност на колективната свест можеме да ја почувствуваме од An American Prayer, албум каде што чита поезија, како и The Lost Paris Tapes, записите од неговиот последен, 27ми роденден. Патувањата низ митовите, споменувањето на змии во текстовите, самонаречениот Lizard King е претставник на вечните мистерии, истото може да се види и во книгата The Way of Myth на Joseph Campbell. Иритиран од манипулираната публика, се појавува со јагне на сцена на озлогласениот концерт во Мајами. Остава филм од студентските денови (со сцени од Хитлер, прогресивно за UCLA) и 8мм запис од патувања по Автопатот (HWY), за чија што врата само тој го има клучот. За многумина луд, се подбивал по смртта на Хендрикс и Џоплин, велејќи: Ги убија, јас сум следниот. Заедно со нив и многу други млади души е член на Вечниот Клуб 27. 

Инспирација на многумина, дури и на нашите Mi3aР, кои што во Почесна Стрелба ги заменија превртените зборови од Happiness is a Warm Gun на Beatles (испеани од Вртев) со дел од текстот на Ship of Fools на the Doors, вклучени во албумот Кобна Убавина.
 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *