избор

Исчезнатиот остров во реката Вардар

При­каз­на­та за ос­тро­вот во ре­ка­та Вар­дар на кој се одр­жу­ва­ле коњ­ски тр­ки и кој, зго­ра на тоа, бил долг око­лу три ки­ло­мет­ри, зву­чи на­вис­ти­на не­ве­ро­јат­но, па ду­ри и фан­тас­тич­но! Ос­тров во ре­ка­та Вар­дар? Да, тој на­вис­ти­на пос­то­ел и бил зе­мен рај од зе­ле­ни­ло и чис­та при­ро­да. По­шу­ме­ни па­те­ки и пар­це­ли со раз­но­вид­ни на­са­де­ни дрв­ја, прос­то­ри за одр­жу­ва­ње на тр­ки, па­те­ки за ше­та­ње, ма­ли прис­тап­ни мос­то­ви. Со еден збор, зем­на и не­бес­на уба­ви­на! Ту­ка тр­ки­те ги ор­га­ни­зи­ра­ло поз­на­то­то Здру­же­ние на вар­дар­ски­те ја­ва­чи. Как­ва сим­бо­ли­ка: вар­дар­ски­те ја­ва­чи ја­ва­ле ток­му ту­ка, на тој прек­ра­сен ос­тров во ре­ка­та Вар­дар. И не са­мо тоа. Ос­тро­вот бил мон­ден­ско мес­то, ту­ка се по­ја­ву­вал кре­мот на гра­дот, на раз­ни при­ред­би и све­че­нос­ти.
За­мис­ле­те, пред по­че­то­кот на тр­ки­те се одр­жу­ва­ле ре­вии на жен­ска мо­да и еле­ган­ци­ја! Сe по­чес­то на нат­пре­ва­ри­те при­сус­тву­ва­ле и да­ми. Во еден за­пис од 1932 го­ди­на се ве­ли: “Еле­ган­тни­те скоп­ски да­ми, за чии фус­та­ни на­ши­от мо­ден со­ра­бот­ник мно­гу по­фал­но се из­ра­зи, со сво­е­то при­су­ство при­до­не­соа тр­ки­те во Скоп­је да до­би­јат имиџ на вис­тин­ски ве­лег­рад­ски тр­ки”. Се­то ова на­ли­ку­ва на тр­ка­лиш­та­та во Па­риз и во Лон­дон, опи­ша­ни во мно­гу ро­ма­ни и фил­мо­ви. Но тоа не е сe. Пред тр­ки­те се одр­жу­ва­ле фуд­бал­ски нат­пре­ва­ри, а бил при­ре­ду­ван и пре­пон­ски ка­ру­сел, кој го из­ве­ду­ва­ле офи­це­ри­те. Екс­тра­ва­ган­тно из­ве­де­ни­те фи­гу­ри со ко­њи пре­диз­ви­ку­ва­ле во­о­ду­ше­ву­ва­ње кај пуб­ли­ка­та. Би­ле одр­жу­ва­ни из­лож­би на ко­њи, по­тоа офи­цер­ско-џент­лмен­ско наг­рад­но прес­кок­ну­ва­ње, коњ­ски тр­ки на гра­дот Скоп­је. А по си­те тие нас­та­ни, за­поч­ну­ва­ла за­ба­ва­та, за што од­нап­ред би­ле да­ва­ни из­вес­ту­ва­ња: “По ко­њич­ка­та тр­ка се при­ре­ду­ва кер­мес (за­ба­ва) на тр­ка­лиш­те­то, кое ќе би­де ос­вет­ле­но со лам­пи­о­ни. Пос­то­ја­но ќе сви­ри му­зи­ка”.
За­чу­ва­ни се и ими­ња­та на коњ­ски­те гр­ла кои би­ле оми­ле­ни кај пуб­ли­ка­та: Кар­мен, Изон­да, Треф, Ди­до, Ру­жа, Га­ло­пи­на, Зо­ри­ца, Ци­мер. Пос­то­е­ле и па­рич­ни наг­ра­ди за нат­пре­ва­ру­ва­чи­те: пр­ва наг­ра­да – 1.200 ди­на­ри, вто­ра – 600, тре­та – 300 и чет­вр­та – 150 дин. Се нап­ла­ќа­ло так­са за се­ко­ја па­те­ка по 30 дин. Пред об­ло­жу­вал­ни­ца­та пос­то­ја­но има­ло ме­теж и че­ка­ње. На­вис­ти­на, кол­кав бил тој фан­тас­ти­чен ос­тров на кој има­ло три­би­ни за пуб­ли­ка, прос­тор за фуд­бал­ски нат­пре­вар, за коњ­ски тр­ки, ка­ко и за ре­вии и про­шет­ки? Спо­ред по­да­то­ци­те, ос­тро­вот се гра­дел це­ли три го­ди­ни, а офи­ци­јал­но бил пуш­тен во упот­ре­ба 1932 го­ди­на. Но нај­ин­те­рес­но е пра­ша­ње­то за тоа ка­де се на­о­ѓал и да­ли мо­же од де­не­шен ас­пект да се од­ре­ди не­го­ва­та мес­то­по­лож­ба. Ко­ри­то­то на Вар­дар чес­то па­ти се ме­ну­ва­ло, а де­неш­но­то е по­себ­но ре­гу­ли­ра­но. Ед­но е си­гур­но: ос­тро­вот се на­о­ѓал во бли­зи­на на Град­ски­от парк, но ка­де? Мо­рав да нап­ра­вам спо­ред­ба на мно­гу за­пи­си за да дој­дам до вис­тин­ска­та ло­ка­ци­ја.
Во еден за­пис се ве­ли де­ка се на­о­ѓал во бли­зи­на на ед­на те­ни­ска пол­јан­ка за­рас­на­та во тре­ва, зад Ида­ди­ја, кон ре­ка­та. Би­деј­ќи Град­ски­от ста­ди­он во тоа вре­ме не пос­то­ел на тоа мес­то, од те­нис­ка­та пол­јан­ка, ве­ро­јат­но, се гле­да­ло тр­ка­лиш­те­то и би­ло бли­зу. На дру­го мес­то се спо­ме­ну­ва прос­то­рот нас­про­ти Зо­о­лош­ка­та гра­ди­на, а би­деј­ќи таа е бли­зу до те­нис­ка­та пол­јан­ка, мож­но е и так­во од­ре­ду­ва­ње. Но нај­точ­на од­ред­ба за мес­то­по­лож­ба­та да­ва еден за­пис, кој, за сре­ќа, пре­циз­но збо­ру­ва за тој прос­тор. Име­но, би­деј­ќи се­кој не­мал па­ри да пла­ти кар­та за три­би­ни­те на тр­ка­лиш­те­то, лу­ѓе­то го ко­рис­те­ле спро­тив­ни­от брег на ре­ка­та Вар­дар за да ги сле­дат тр­ки­те. Тол­па лу­ѓе би­ле ис­ка­че­ни на ри­дот кај Фран­цус­ки­те гро­биш­та, од ка­де што мо­же­ле уба­во да сле­дат што се слу­чу­ва на ос­тро­вот. Зна­чи, тој се на­о­ѓал ме­ѓу де­неш­на­та се­вер­на три­би­на на ста­ди­о­нот, од­нос­но стан­бе­ни­от ком­плекс по­пу­лар­но на­ре­чен “Ки­не­ски ѕид” и спро­тив­ни­от брег, ка­де што се на­о­ѓа веч­но­то по­чи­ва­лиш­те на фран­цус­ки­те вој­ни­ци. Еве што се ве­ли во тој за­пис: “Не­ма­ше на­род са­мо на тр­ка­лиш­те­то. Од дру­га­та стра­на на Вар­дар, на ри­дот ка­де што се Фран­цус­ки­те гро­биш­та, па и на са­ми­те гро­биш­та, бе­ше при­сут­на го­ле­ма тол­па лу­ѓе. Жи­те­ли­те на То­па­а­на из­ле­гоа во тол­кав го­лем број на Фран­цус­ки­те гро­биш­та, та­ка што нив­на­та по­се­та мо­же­ше сло­бод­но да се спо­ре­ди со бро­јот на лу­ѓе­то при­сут­ни на тр­ка­лиш­те­то”.
Оп­шти­на­та има­ла го­ле­ми пла­но­ви за ос­тро­вот: тој да би­де парк-шу­ма и при­јат­но мес­то за про­шет­ки и из­ле­ти. Низ не­го, со те­кот на вре­ме­то да про­те­ку­ва ка­нал и да се офор­ми уба­во веш­тач­ко езе­ро. По­шу­ме­ни­те бло­ко­ви ќе слу­же­ле и за сон­ча­ње, би­деј­ќи има­ло си­тен пе­сок. Пред­нос­та на ос­тро­вот би­ла таа што тој се на­о­ѓал во бли­зи­на, “ре­чи­си во са­ми­от град”. Фан­тас­тич­ни­от уто­пи­ски ос­тров со те­кот на вре­ме­то ис­чез­нал, му се за­гу­би­ла се­как­ва тра­га. Тој е еден вид на­ша, скоп­ска ва­ри­јан­та на ис­чез­на­та­та Ат­лан­ти­да. Си­гур­но има по­ве­ќе при­чи­ни за ис­чез­ну­ва­ње­то, а ед­на­та од нив е и го­ле­ма­та поп­ла­ва што го за­фа­ти­ла Скоп­је во 1935 го­ди­на. По Вто­ра­та свет­ска вој­на, ко­њич­ки­от спорт имал ус­пе­шен раз­вој во гра­дот.
Данило Коцевски, Скопски легенди

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *