избор

Алхемискиот процес

Алхемијата го опишува хемискиот процес на менување, за чие што спроведување дава бројни известувања. Иако за точниот тек на процесот и следот на фазите на истиот едвај да постојат исти известувања од двајца автори, сепак уште од најстарите времиња, што значи уште од почетокот на христијанското сметање на времето, од повеќето постои согласност во главните точки: се разликувале четири фази, кои што се карактеризирани со основните сликарски бои, кои што се споменати уште од страна на Хераклит:
– melanozis, поцрнување
– leukozis, белеење
– xantozis,  позеленување
– iosis, поцрвенување

Оваа четворна делба на процесот била означена како расчетворување на филозофијата. Подоцна, околу 15 и 16 век боите биле редуцирани на три, при што xantozis, citrinitas  постепено исчезнува, поточно – ретко се споменува. На негово место стапува, како исклучок  viridas – зелено, по melanosis, односно nigredo,  но без да добие принципиелно значење. Додека првобитната тетра материја  била точен одраз на четворноста на елементите, сега често се подвлекува дека постојат четири елементи  – земја, вода, воздух, оган и четири својства топло, студено, влажно, суво, но само три бои: црна, бела и црвена. Бидејќи процесот никогаш не водел кон саканата цел, а исто така и неговите посебни делови  никогаш  не се одвивале типично, не можела да се објасни промената на поделбата на фазите од надворешни причини, туку повеќе се разгледувало симболичкото  значење на четворноста и тројноста, а исто така и со внатрешните психички причини.
Црното nigredo е почетна состојба, која постои уште од самиот почеток како својство на prima materia, на хаосот, или на massa confusa…

продолжува 
– од ПСИХОЛОГИЈА И АЛХЕМИЈА, КАРЛ ГУСТАВ ЈУНГ 

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *