Македонија

Ѕвездознаец

Телесна потврда на небото
Ѕвездо на знаењата
Молитва во олтарот на црква безимена
Не остави тој видлив кога шкрапаше на огнилото
Невидлив кога гаснеше
Воин ли од царството на Самоила беше
Што ме штрекна возбуда
Па преку самотниот

му меч прескокаат плими
А како славеи црцорат жарјето
По огништата на прозорците на сушата
Капки вода на океани и свеќи
Што се гаснат
Од пореметениот живот на птиците
Фенерчето на мојот дух вети во Заливот
По некое дрвце смоква
Жена и езерјанин во потрага на своите мошти
На ридјето петли
Зад десетти рид тапан и срце
А овде тишина
Во која се проучува
Гласот и болеста на телото
Страсен Еол монолог е
Во шуплините женски
Што ги вообличува нивните тела и
Врз тајна на дното лежи
Бурата го бара својот елемент во нас
Одговорете и со бакнеж на бурата и таа
Ќе се упокои на плодот
Во дното и на врвот…

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *