Девојче бело, црвено,
а што си толку убаво?
Дал’ си од бога паднала,
ил’ си од бавча никнала?
Нит’ сум од бога паднала,
нит’ с’м од бавча никнала.
Ти си ме мајка родила,
на Ѓурѓевдан ме родила.
Ѓурѓа ми име турила,
с’ пресно ме млеко бањала.
Рујно ме вино поила,
затој сам бела, црвена,
затој с’м тенка, висока.