Македонија

Крстоносецот и дедо Богомил


Кога стивна вревата, ја чув песната на водата. Почнав да дишам длабоко. Свежиот воздух ми го разведри умот. Се загледав во придружувачот. Светеше месечина. Човекот беше со војничко лице. Најпосле, меѓу богомилите имаше не само овци, туку и волци. Со волците можев да се разберам.
Ме втераа во некаква земјанка. Гореше тенка свеќа со мал и треперлив пламен. Не можев да ги видам луѓето пред мене.
Им ја раскажав својата историја – половина вистина, половина лага.
Свеќата догоре. Останав во темница.
Што барав во оваа влажна земјанка? Зошто скокнав во темната вода, дури без да знам дали има дно?
Утредента влегоа двајца богомили, ми ги врзаа очите и ме поведоа некаде. Патувавме долго на коњ и со кочија.
Кога ми ја симнаа преврската од моите очи стоев пред дедецот на сите богомили. Пред папата на богомилите, или како што го викаа – анти-папата. Најпрвин паднав на колена, потоа се поколебав и се исправив. Сакав да се исправам и да му ја бакнам раката, но не можев.
Си помислив Не би можеле да го изгорат овој човек. Дури и да најдеа сила да застанат спроти него, оние со железните лица не би пристапиле, за да го допрат мажот пред мене. А дали можеа да го допрат? Имаше ли тој тело, или беше призрак? Целиот светеше во бела риза, со бела коса и бела брада…

извадок од Чудниот Рицар на Тајната Книга, издадена од Култура

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *