Градиштето кај селото Кнежје и археолошкиот локалитет „Билазора“ во документарен филм

Градиштето кај селото Кнежје – археолошки локалитет „Билазора“ краток документарен филм поддржан од Општина Свети Николе снимен со дозвола од Управата за заштита на културното наследство Музичка позадина: Драган Ѓаконовски – Шпато – „Ехо од далечното минато“ & „Поздрав до оркестарот“ Во видеото се употребени неколку кратки инсерти од стари документарни филмови на РТС Скопје […]

Евлија Челеби во Овче Поле

Едни од најстарите сознанија за шумите на територијата на Македонија ги среќаваме кај познатиот турски патеписец и историчар Евлија Челебија. Тој во своите патеписи, минувајќи низ Овчеполието, запишал дека кога минувал со карванот крај Килисали имал потреба да изнајмува луѓе од месното население кои ги кастреле шумите за караванот непречено да помине. Евлија Челеби на […]

За Овчеполската нафта и шкрилците…

Има ли нафта во Македонија или нема? На оваа тема кај нас се дебатира, за неа се пишува цели четириесет години. Дилемата трае од 1968 година, кога екипа на „Нафтагас“ од Нови Сад дојде во овчеполската рамнина и започна да трага по црното злато. Дупчалките на оваа компанија, под топлото сонце овчеполско, во атарот на […]

Овчеполската котлина – Јован Трифуновски, 1964 година

Овчеполската котлина претставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот полуостров. Лежи во сливот на Светиниколска река, десна притока на Брегалница. Околу Овчеполската котлина се наоѓаат други соседни области: масивот Осогово на североисток, Кумановско – прешевската долина на север, Скопската котлина на северозапад, Велешката котлина на југозапад, долниот дел од сливот на Брегалница на југ, […]

Реката Брегалница

Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има […]

Евлија Челеби и Овчеполските шуми

Првите сознанија за шумите на територијата на Македонија ги среќаваме кај познатиот турски патеписец и историчар Евлија Челебија. Тој во своите патеписи, минувајќи низ Овчеполието, запишал дека кога минувал со карванот крај Килисали имал потреба да изнајмува луѓе од месното население кои ги кастреле шумите за караванот непречено да помине. Во тоа време Овче Поле, […]

Патот на Атиџе – книга за Атиџе Муратова

„Патот на Атиџе“ е работниот наслов на биографијата на прекрасната Атиџе Муратова. Од октомври годинава, во Овчеполието започна уште еден значаен проект со цел претставување и прикажување на културното наследство на овој голем и плодороден регион. Општина Лозово и Продукцијата „Аристон“ од Свети Николе започнаа со подготвување на книга за животот на Овчеполската ѕвезда Атиџе […]

Богословец – меѓу сонот и јавето

Богословец и припаѓа на старата, на древната Македонија. Повеќе од две илјади години стара населба, со пат послан со бели, мазни камења, влечкани од ниската рамнина отаде селото – што води до стаклените кристали, низ разурнати зданја, стари кули…до напуштениот подземен ископ на стаклените кристали и злато. МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТООсаменикот од БогословецНевидливиот коњ на […]