Агрегатот од Германците и првите улични светилки во Свети Николе

Првото осветлување во Свети Николе било на газја со фенери поставени на столбови. Потоа биле поставени карбитни ламби, па бандери, кои со помпа ги полнеле со газја. При крајот на Втората светска војна, кога Германците го напуштале Свети Николе, останале заробени двајца германски војници. Германците на местото кај денешната нова амбулантска зграда имале поставено радар […]

Границите на Овче Поле според книга од 1964 година

Овчеполската котлина претставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот полуостров. Лежи во сливот на Светиниколска река, десна притока на Брегалница. Околу Овчеполската котлина се наоѓаат други соседни области: масивот Осогово на североисток, Кумановско – прешевската долина на север, Скопската котлина на северозапад, Велешката котлина на југозапад, долниот дел од сливот на Брегалница на југ, […]

Малата соба на баба Агнија во Штип и јунаците во Овчеполски носии

„Беговите чифлигари во Овчеполијата беа внимателни кон селското население, затоа што имало случаи на жестоки одмазди…“ На времето баба Агнија беше тиха, мила и безлична Штипска женичка, забрадена со црна шамија, пргава како сите наши жени и неуморна во своите домашни работи. Но, откако Даме и Гоце се настанија да живеат во нејната куќа, таа […]

Водата во жедното Овче Поле

И ден денес, во Свети Николе може да се слушне дека некогаш одамна “во градот имало 40 цркви кои биле изгорени од Османлиите, а останала само најголемата – црквата Свети Никола”. Оваа легенда претставува заменување на имињата на градот Свети Никола, кој во турските тапу дефтери е запишан како Клисали (Килисали), со името на Старо […]

Новите книги во библиотеката „Гоце Делчев“ во Свети Николе

Вчера (09 јануари 2018) м-р Никола Ристевски од Свети Николе, Овче Поле, автор и уредник на повеќе изданија за Овчеполието, подари книги на Градската библиотека „Гоце Делчев“ при Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе. Ова се први примероци од објавените изданија кои се достапни за изнајмување во библиотеката. Во библиотеката веќе се достапни […]