изборПревземено

Чибукот на Романов се чува во Прилеп

Во Ливно во Босна се произведуваат чибуци од сливово дрво, во кое се инкрустрира сребрена жица како орнамент.
Сребрената жица мора да биде искованa од една сребрена паричка и не смее ниту да биде малку за да се извезе чибукот, ниту многу (да му остане жица на мајсторот) инаку магијата нема да се фати (многу личи на приказната дека со сребрени куршуми се убиваат вампири). Каква магија?
Овие чибуци се правеле за да ги заштитат сопствениците од демоните на болестите – како што во тоа време се мислело за болестите. Тоа се нарекува „апотропејска заштита“.
Овие чибуци се прават во техника „Ливањски вез“, од страна на четири семејства од Ливно, а се извезуваат за Виена, од каде се купуваат за европски корисници.
Од таму чибукот го купила балерината Березовскаја (Првенка на балетот во Петроград) за својот љубовник Царот Николај III Романов во 1918 година.
Тој набргу ја оставил Првенката, заради тоа што имал нова првенка на балетот (секогаш љубовницата на Царот станува Првенка на балетот во Петроград) убавата Красовскаја.
Во меѓувреме, Царот добил совет од лекарот да пуши што може повеќе, за да се излечи од болките во градите. Звучи како шега, но тутунот во тоа време се нарекува „Herbe medicus”, или „Herbe pour toutes les douleurs” (трева против сите болки) и бил омилено растение за производство на лековити чаеви, мевлени, облоги и за „лековито џвакање“.

Чибукот на Романов се чува во Прилеп - cibukot na Romanov Nikolaj

Овој чибук Царот  го подарил на неговата нова љубовница, која набргу после тоа бега во Париз (заедно со кореографот Мјасин, кој „намирисал“ дека ќе има револуција тука и ја наговорил Красовскаја да побегнат, заради тоа што тој самиот немал пари), каде го формираат Првиот Руски балет – надвор од Русија.
Таа му го дарува чибукот на Мјасин, кој набргу (на големо изненадување на Красовскаја) оди во Америка на повик (има такво писмо со покана до Мјасин) на Миа Славенска, која му станала љубовница. Тој одма  го подарил чибукот, заради тоа што тој не пушел, а Миа била единствената балерина која пушела, но и снимала филмови, во кои таа употребува цигарети (како некој вид реклама за цигарети) и снимила 3 филма со тој чибук.
Пред Втората светска војна, таа оди со некоја група во Латинска Америка (во Америка не можеле ниту да се прехранат заради големата конкуренција од „руски балети“ и заради кризата) и таму го запознава нај убавиот маж на светот Зорин, кој ѝ станува љубовник. Таа на Зорин, за неговиот роденден му го дарува чибукот (немала што друго, зотоа што едвај преживувале таму), со назнака дека нејзе  се потребни цели ноќи за да му раскаже за тој чибук.
После тоа, Зорин се враќа во Америка и после Војната, оди на турнеи по светот, а најзначајна и најдолга била таа, во која групата оди во Австралија, каде настапувале секаде, па дури и во прави “дупки” од сали. Таму тој се запознава со една холанѓанка, на која и го подарил чибукот, и која силно го сакала, но кога видела дека неможе да задржи човек како него, иако останала бремена со него, таа се помирила со фактите и се враќа во Холандија кај нејзините родители да го роди детето.
Таа никогаш не се мажи, бидеќи веќе била со најдобриот (што би рекле прилепчани: да не падне од коњ на магаре). Нејзиниот син го крстила Алехандро бидејќи Зорин бил од Бразил, во него течела латино-американска крв (тоа било за да се сеќава на неговиот татко). Алехандро во шеесеттите поседува комисион, кој го отвора неговата мајка, и таму тој го изложува чибукот, ја раскажува приказната, но никој не му верува дека е син на големиот Зорин.
Еден уметник од Амстердам, кој бил во Прилеп на Сликарскиот симпозиум, поверувал на приказната и му пишал на д-р Бошко Бабиќ од Народниот Музеј – Прилеп дека постои таков експонат, а Бошко испратил тим да го купи и прошверцувал чибукот, за да го донесе за Музејот за тутун. За жал, Алехандро го продал чибукот без приказната (барал многу пари за „комплетна услуга“), па се до 2002 година не смеело да се кажува (тогаш Алехандро умира).
извор – 10без10

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *