изборПревземено

Германците и Александар Македонски

 Дали не беа направени првите истражувања за античките Македонци од Германци? И не беа ли од нив напишани најбитните биографии на Александар? Колку само пати во историјата на германската драмска литература не беше поставен на сцената, имено, ликот на овој светски македонски крал? Меѓутоа, да бидеме чесни: Првиот биограф беше, се разбира, Римјанинот Квинтус Курциус Руфус (+ 53 н.н.е.) чии десет книги за делата на Александар се основата за секој наследник кој се занимавал со Александар и неговите Македонци.
Кои биле старите Македонци? Грците одамна тврдат дека тие биле Грци. А зошто тогаш Македонците од античките Грци биле нарекувани „варвари“? Бидејќи не зборувале грчки, туку македонски и нити биле Грци туку Македонци – вели германскиот географ Антон Фридрих Бишинг (1724-1793) во својот „Опис на земјата“ од 1788 г.:
Македонците го имале својот сопствен јазик што со грчкиот јазик нема ништо заедничко. Во древните времиња Македонија била независно кралство чии граници големиот Александар бескрајно ги раширил“.
Подетална е книгата на германскиот историчар Лудвиг Флате (1799-1866) „Историја на Македонија и на империите со кои владееле македонски кралеви“ (Лајпциг 1832), во која авторот исцрпно докажуваше дека, можеби, Грците и Македонците во, речиси, праисторијата го имале истиот корен, но дека тие, долго пред времето на Филип и Александар, станале сосема различни народи и култури. И Македонија по смртта на Александар, вели Флате, „се врати кон својот своевиден и затворен живот“.
Со ликот и делото на Александар опширно се занимавал германскиот историчар Јохан Густав Дројзен (1808-1884) кој во 1833 г. ја објавил својата обемна книга „Александар Големиот – Биографијата“. Околу 40 години
подоцна излегла една преработена верзија на книгата во која Дројзен го опишува Александар како „јуначки Титан“, кој извршил „преврат од историско-теолошко значење“.
Зошто „историско-теолошко“? Бидејќи, според Дројзен, син на еден пруски протестантски свештеник дури со Александар беа дадени првите „поттици“ за подоцнежната Римска Империја и за христијанството. Се разбира,
сегашните германски историчари не се сосем „среќни“ со Дројзеновата интерпретација на Александар (иако таа пред три, четири години доживеа едно ново издание).
Ликот на Александар пред сè ги привлекуваше поетите, од кои првиот беше Лудвиг Амандус Бауер (1803-1846) и неговата драма од 1836 г. „Александар Големиот“ – сценска обработка на биографијата од Курциус Руфус, со поголемо акцентирање на македонско-грчката спротивност:
Сега тебе те слушаат Македонците кои се сеќаваат оти оние луѓе не нè сметале достојни за грчкото име кога Александар, братот на татко ти се јавил на натпреварот во Олимпија“.
Можеби најинтересен драмски автор е Германецот Курт Лангенбек (1906-1953), кој во 1934 ја објави својата трагедија „Александар“. Лангенбек, драматург во „Баварскиот државен театар“ во Минхен, бездруго бил
надарен драмски автор, но премногу амбициозен и затоа и премногу сервилен кон Хитлеровиот режим. Сосема според идеологијата на нацистите, тој се борел за „преродбата на драмата од духот на времето“. Од тоа
произлезе еден долг и остар конфликт со старата гарда на германските театарски критичари. Веројатно Лангенбек сакал да им покаже на критичарите како треба да изгледа една вистинска драма, и резултат на
неговите напори е токму трагедијата „Александар“. Драмата ги опфаќа последните три години во животот на Александар, значи од 325 до 323 п.н.е. Војската стои во Индија, но војниците не се задоволни:
Води нè дома! Ликувајќи сакаме назад каде што татковината нè прегрнува“.
Растојанието им е преголемо:
Кралу, дај ни за Македонија, врати ни ја земјата на нашата сила, земјата на нашата крв и нашите срца“.
По Александар дојдоа Римјаните па Византија па Словените. Пред сè нивната културна историја е вплетена во толку легенди што Германците веќе во 18-тиот век, значи, почнувајќи со дејствувањето на Аугуст Лудвиг
фон Шлецер (1735-1809), се заинтересираа што од овие легенди може да биде сфатено како научно потврдена вистина. Со поглед на тоа се трудовите на Германката Хилдегард Шедер (1902-1984), особено битни, иако ова
испитување на почетоците на словенската култура сè уште не е совршена. Но, неколку неспорни факти беа искажани од германски слависти, на пример од Алојс Шмаус (1901- 1970) кој на македонската книжевност го дал општословенскиот примат:
Македонија се пофали со право дека е колепка на јужнословенската литература. За Србите и Бугарите заедничката основа беше дадена со дејноста на апостолите Кирил и Методиј. По смртта на Методиј (885) и по прогонувањето на нивните ученици од Морава во Охрид се образуваше еден важен духовно-литературен центар што набргу одигра една битна улога во процесот на христијанизирањето и во јужнословенската писменост. Поради својата географска положба ова подрачје беше определено благословно да дејствува во духовниот живот на Јужните Словени.
Исто така Рајнхолд Траутман (1883-1951) по војната, во 1948 г. пишуваше дека мајчиниот јазик на Кирил и Методиј е македонски, додека Алфонс Маргулиес (1867-1928) рекол дека „конзервативната Охридска книжевна школа делумно ги заштитила Македонците од туѓите јазични влијанија“.
– oд
Волф Ошлис
МОМЕНТИ И АСПЕКТИ НА
ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКАТА ЗАЕМНОСТ НИЗ ВЕКОВИТЕ
меѓународен семинар
за македонски јазик, литература и култура
(Охрид, 13. VIII – 30. VIII 2007)

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *