Македонија

Химна на ослободениот оган

Прочисти ги, прочисти ги пламену, нашите животи
Еден оган постои за да биде голтнат од друг
Поетот не се знае никогаш кога ќе се роди
Под кој камен ќе врзе неговото срце
Оти како би можел да исчезне потем
Нема трикатно падне сенката на тајната
О огну на животот и смртта
Напиј се вода ситни бисери
Онеми и пак ожедни
О гладно небо, разголи го својот скелет
И пушти да засјаи вжарената коска на мојот пат
Оставајќи го во пепелта на сè уште жешкиот метал
II
Со пламенот против пламен
Каде поминав изгореа патиштата
И остана богатата пепел
Како нова почва на раѓањето
 
Не може да бидат заборавени сите искри
Секогаш ќе постои нов рицар
Што ќе пишува со својот меч
По металните латици на цветот
 
Од сечија кожа ќе се прави нов пергамент
За да се запише тестаментот на поетот
Еден оган секогаш ќе ме извикува по име
Од пештерата на светот – оганот што сè прочистува
 
Па сепак, лажен фениксе, јас те мразам
И газам врз твојата срамна пепел
Во толпата прав го барам лебот
Но слеп сум пред згаснатите соѕвездија
 
Оганот е оган само кога со оган се храни
Ружо Алхемиска, се претопи во овие зборој
Падна покосена од сопствената тајна
Па сега мирувај во расцутената крв
 
Со трњето болно стражари пред пупката на светот
Со коренот пали подземни огнови
 
Оти – твојот оган ќе трае колку и поетот
 
 
од Медовина, 1962

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *