Македонија

Бајачки од баба Евда

Баба Евда ќе го натера болниот да меси еден колак леб од три семиња брашно,
голем колку да се испровира човекот низ него,
и ќе го испечат во црепна.
Ќе го земе баба Евда колакот и една кошула од болниот уз себе и ќе ги чува една ноќ во дворот нејзин, за да му закушува на ѕвезди.
После, другата ноќ, ќе го земе болниот
и ќе го однесе на некоја раскрсница,
во време глува доба,
ќе го слече болниот (припадничавиот)
и ќе го потури со едно бардаче со вода,
баена и таа на ѕвезди,
и ќе го провре трипати низ колакот.
После, ќе го провре низ кошулата баена двапати
и треќиот пат ќе го облече со таа кошула
за да ја носи до четириесет дни;
а ветвата, што ќе ја свлече,
ќе ја остави на раскрсницата.
На неа ќе го кладе и колакот згора и ќе фати да му бае и куша вака:
„Поможи му, Господи,
И си светци небесни,
И вие мои бестребреници,
Да ја испратам болеста,
Од оваа мачна душа,
Co колак и бардаче
И со голем бакшиш кошула,
Да си оди на туѓа туѓина,
Преку девет мориња,
И преку деведесет и девет планиње,
Да појде дури во Тилимса,
Тамо да си направи нова куќа,
Во другега човека:
Доста веќе го мачи овој сиромав
И мачен човечец.”
„Ај ми со здравје, брате, оди ми си и земи го бардачето, та окрши го и вака речи:
Како што ќе го окршам бардачево,
така да се здроби во мене болеста,
ако нe излезе.
Оди ми си дома молчејќи,
легни си, спиј си и утре здрав биди си.”
МАРКО ЦЕПЕНКОВ

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *