избор

Едгар Алан По – Анабел Ли

Пред многу, многу лета,

Во царство едно што кај морето се сви,

Живееше прекрасна жена

По име – Анабел Ли.

И јас и таа бевме деца,

Во царството што крај морето се сви,

Но се сакавме лудо –

Јас и мојата Анабел Ли.

Серафимите од рајот го благословија тоа чудо

И дозволија љубовта да се раскрили.

Но еден ден дојде кобен,

Во царството што крај морето се сви,

Се појави ветер, разулавен злобен

И ја уби Анабел Ли.

Ја положија во почивалиштето вечно

И темната земја од моите очи ја скри

Во царството што крај морето се сви.

Ангелите на небото гледајќи нè нас

Станаа љубоморни на таа љубов,

Па затоа го испратија ветрот во тој час

Одненадеж да се појави ко некое чудо

За да ја убие мојата Анабел Ли.

Но љубовта наша е посилна од нив,

Од оние кои се и постари

И многу поумни од нас –

И од ангелите кои бдеат

И од демоните кои страв сеат.

Ништо не може мојата душа да ја оддели

Од душата на прекрасната Анабел Ли.

Осамен, секоја вечер ја барам нејзината трага,

На мојата мила, невеста драга.

Таму, кај што црната земја ја скри,

Во царството што крај морето се сви.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *