изборПревземено

Ален Гинзберг во Скопје

Слав­на­та американска бит-генерација го посети Скопје. Најпрвин неј­зи­ни­от гуру Ален Гинзберг, во 1986 година, а потоа и Боб Дилан во 2010 го­ди­на. Иако Боб Дилан како помлад не спаѓа во основачите на групата, но по ду­хот на своето творештво, музиката и особено стиховите, тој следи некои од основните идеи на ова движење. Особен почитувач е на делото и лич­нос­та на Гинзберг, со кого го поврзува блиско пријателство. Пред кон­цер­тот во Скопје, кружеа најразлични приказни за ексцентричното од­не­су­ва­ње и барањата на славниот Дилан. Ги одбегнува новинарите, не сака да кон­так­ти­ра со никого, освен со организаторите. Повлечен во една таква изо­ла­ци­ја, навестува дека веднаш ќе си замине по концертот. Сепак, ус­пе­ав­ме да воспоставиме контакт со него, по долгото планирање како да се ос­тва­ри средба со него. И навистина, Боб Дилан падна, и не успеа да одо­лее на два подарока: еден поврзан со неговиот идол Ален Гинзберг, а дру­ги­от со ексклузивното издание, на книгата поезија што ја издадоа Струш­ки­те вечери на поезијата посветена на Гинзберг, добитник на Злат­ни­от венец за 1986 год. Вториот подарок беше повелбата што ма­ни­фес­та­ци­ја­та му ја додели за неговиот исклучителен придонес во светската по­е­зи­ја. Присуствуваа дури и новинари кои направија ексклузивни фо­тог­ра­фии на Дилан и подароците по концертот во Метрополис арената.

Боб Дилан и Ален Гинзберг на гробот на Џек Керуак


Ален Гинзберг престојуваше во Скопје по поетските вечери одржани во Стру­га, а овој негов престој е поврзан со повеќе куриозитети. Најпрвин ја раз­гле­ду­ва Старата Чаршија, а потоа ја посетува познатата Галерија 7. Во галеријата Гинзберг доаѓа заедно со големиот руски поет Вознесенски и преведувачката од англиски Анета Георгиевска-Шаин која денес живее во Вашингтон, САД.
За таа незаборавна скопска вечер вака се сеќава Адил Мустафа, сопственик на галеријата:
Ане­та, тогаш студентка и преведувачка со која добро се познававме, на­ед­наш се појави со Гинзберг и другите гости во галеријата. Гинзберг со Воз­не­сен­ски и уште еден поет седеа на првата маса. Беа присутни и по­ве­ќе­ми­на млади ликовни уметници. Наеднаш, Ален Гинзберг стана од ма­са­та, се исправи, и започна да рецитира. Неговото рецитирање беше емо­тив­но, со многу гестикулации. Тој беше многу непосреден, отворен. Ги во­о­ду­ше­ви сите присутни.

Овој престој на Гинзберг во Скопје и во галеријата, има чудна животна ко­ин­ци­ден­ци­ја. Имено, тој својата поетска и писателска кариера ја започнал во една американска галерија. Таа се викала Галерија 6. Се собрале шес­тми­на поети кои читале свои стихови. Специјално за тој настап, Гинзберг ја напишал својата прва песна. Скопската Галерија 7 сигурно го потсетила на неговите почетоци.
Но, оваа негова посета на Скопје поврзана е со уште една необична си­ту­а­ци­ја. Имено, дента, Гинзберг внимателно ги посетил и разгледал сите скоп­ски книжарници. Сакал да открие една тајна која најпрвин никому не ја соопштувал. Подоцна се открило колку тој бил мудар и далекусежно гле­дал на работите. Во книжарниците барал изданија од еден македонски ав­тор. Кој бил тој автор?
Тој необичен детаљ од посетата на американскиот битник на Скопје, вака е разоткриен и опишан во најновата монографија издадена по повод 50 го­диш­ни­на­та на Струшките вечери на поезијата:
По завршувањето на меѓународниот поетски фестивал во Струга, ла­у­ре­а­тот Гинзберг престојуваше во Скопје и ја посети редакцијата на весникот Но­ва Македонија. Во еден момент од разговорот што се водеше, на кој при­сус­тву­ваа новинарите од Културната рубрика и директорот на куќата, Гин­зберг запраша:
Ди­рек­то­ре, што се случува со поетот Јован Котески. Овластен сум да се ин­те­ре­си­рам од неколку меѓународни организации за човекови права! Нас­та­на молк. Во тој период Котески беше во затвор. Обвинет и осуден за неп­ри­ја­тел­ска дејност. Но, директорот смирено одговори дека поетот е осу­ден во регуларен судски процес. Но, на тој одговор Гинзберг постави но­во прашање: – А, дали неговите книги можат да се купат во кни­жар­ни­ци­те? Да, да- одговори со сигурност во гласот директорот. Тој не е заб­ра­нет поет додаде.
То­гаш американскиот поет возврати:
Ут­ро­во доаѓајќи од хотелот во вашата редакција во неколку книжарници по­ба­рав книги од Котески, но немаше.
-Мно­гу се трошат појасни директорот, не дека се забранетии.
Гин­зберг покажал посебна солидарност и хуманост, интересирајќи се за суд­би­на­та на својот поетски собрат.
Данило Коцевски, Скопски легенди

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *