избор

Активниот Пацифизам

Се чувствувам среќен што ја доживувам големата манифестација за мирот, што ја презеде фламанскиот народ. Имам потреба да им извикам на сите, што учествуваат во тоа, од името на добронамерните и за идните загрижени луѓе: во овој момент на освестување и будење на совеста ние се чувствуваме најдлабоко сврзани со вас.
Ние не смееме да криеме пред себе си дека без тешки борби нема да биде можно да се подобрат очајните владеачки услови: зашто грстот луѓе, решени да најдат радикален лек, е мал спрема масата нерешителни и заведени. А моќта на оние што се заинтересирани за подржувањето на машинеријата на војната е голема; тие не се двоумат пред никакво средство за да го потчинат народното мислење на сцоите за животот непријателски цели.
Изгледа дека денешните владеачки државници се стремат навистина кон тоа да го зацврстат трајно мирот. Но, постојаното зголемување на вооружувањето покажува и премногу јасно дека тие не им се дорастени на непријателските сили, што туркаат кон подготвување војна. По моето уверување спасение може да дојде само од длабините на самите народи. Тие мораат ако сакаат да го избегнат недостојното ропство на воената служба, да се заложат решително за полно разоружување. Зашто, сè додека има војски, секој посериозен конфликт ќе доведува до војна. Пацифизмот, што не се бори активно против вооружувањето на државите е и останува бессилен.
Нека совеста и здравиот разум на народите оживеат, за да стигнеме до нов степен на меѓународниот живот од којшто војната ќе изгледа како несфатена заблуда на предците.

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *