Си бил еден базен…некогаш одамна во Свети Николе

Во почетокот на 50-ите години од 20 век само во Свети Николе и Сарај имало базен. Тој бил направен ударнички и сложно од младите Светиниколчани. Водата од реката по бука влегувала преку каскади во базенот. Базенот не се користел многу време поради недостатокот на вода. Денес е рушевина. Свети Николе денес нема јавен базен за капење.

Кирил Лазаров: „Со 40 години сум додадена вредност во клубот и репрезентацијата“

Во текот на мојата кариера настапував во големи клубови со огромна ракометна традиција и резултати. Во секој клуб се задржував минимум четири години, каде што го достигнував максимумот. По некое непишано правило ги менував клубовите и државите по престој од четири и пол години, во повеќето случаи најмногу на мое инсистирање бидејќи по одредено време […]

За Овчеполската нафта и шкрилците…

Има ли нафта во Македонија или нема? На оваа тема кај нас се дебатира, за неа се пишува цели четириесет години. Дилемата трае од 1968 година, кога екипа на „Нафтагас“ од Нови Сад дојде во овчеполската рамнина и започна да трага по црното злато. Дупчалките на оваа компанија, под топлото сонце овчеполско, во атарот на […]

Брегалничка епархија – Светиниколски парохии

Во составот на овие парохии влегуваат градот Свети Николе и селата: Бориловци, Мустафино, Ѓуѓанци, Орел, Стануловци, Мечкуевци, Богословец, Немањици, Ранченци, Кнежје, Ѓузумелци, Амзабегово, Сопот, Трстеник, Крушица, Преод, Малино, Горобинци, Алакинци, Џидимирци, Пеширово, Црнилиште, Ерџелија, Сарамзалино, Кадрифаково и манастирот “Света Богородица” во Ѓуриште… Поради редовните немили случувања во Црквата СВЕТИ НИКОЛАЈ во Свети Николе и повеќе […]

Отпадните води во Свети Николе – 2003 година

Канализационен систем – самиот систем е само за зафаќање на отпадните фекални комунални води кои што се зафаќаат единствено од самата урбана средина или поточно исклучиво од самите домаќинства. Системот е предвиден како единствен само за градот и во него не се зафатени отпадните води од индустријата. Фекалниот канализационен систем на град Свети Николе може […]

Агрегатот од Германците и првите улични светилки во Свети Николе

Првото осветлување во Свети Николе било на газја со фенери поставени на столбови. Потоа биле поставени карбитни ламби, па бандери, кои со помпа ги полнеле со газја. При крајот на Втората светска војна, кога Германците го напуштале Свети Николе, останале заробени двајца германски војници. Германците на местото кај денешната нова амбулантска зграда имале поставено радар […]

Границите на Овче Поле според книга од 1964 година

Овчеполската котлина претставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот полуостров. Лежи во сливот на Светиниколска река, десна притока на Брегалница. Околу Овчеполската котлина се наоѓаат други соседни области: масивот Осогово на североисток, Кумановско – прешевската долина на север, Скопската котлина на северозапад, Велешката котлина на југозапад, долниот дел од сливот на Брегалница на југ, […]