Овче ПолеСвети Николе

Во Свети Николе и Овче Поле – многу нови книги, филмови и научна работа

Во Свети Николе се објавуваат новите книги за овој град и за целиот Овчеполски регион. Истражувачот на Mакедонското културно наследство и природни ресурси, м-р Никола Ристевски ја продолжи едицијата Зборник за Овче Поле, со што годинава збирката зборници стига до своето петто издание.

Книгите Зборник за Овче Поле книга прва, втора, трета, четврта и петта претставуваат собрани авторски текстови, пренесени како текст, но и во фототипна форма. Во оваа едиција може да се прочитаат податоци и информации за Овчеполието кои биле објавувани од средината на деветнаесеттиот век па сè до денес. Освен едицијата Зборник за Овче Поле книга 1-5, м-р Никола Ристевски до сега ги има објавено и книгите Имагинариум, Свети Николе- главната населба во Овчеполската Котлина, За Oвчеполските работи, Зборник за Кратово и Овчеполски приказни.

Во текот на овој месец се прават последните подготовки и за објавување на Зборник за Свети Николе, во кој што читателите ќе имаат ретка прилика да се запознаат со минатото на единствениот град со име на светец на овие простори – Свети Николе, кој до 1945 година бил именуван како Свети Никола. Повеќе информации за работата на Ристевски може да се прочитаат на неговата фан страница на ФБ и на www.ovcepole.mk

Освен со издаваштво, Ристевски се занимава и со продуцирање на видеа. Повеќе од една година преку неговата видео продукција – Аристон, со директорот на фотографија Дуле Јанев, работат на снимање на видеа во кои се претставени и прикажани Овчеполските села, старите Овчеполски цркви, Овчеполските чешми и туристичките атракции кои во последната деценија ги привлекуваат посетителите и туристите не само од нашата земја, туку и од целиот свет.  Продукција Аристон годинава започна официјална соработка со Ансамбл Македонија под водство на проф. Др. Владимир Јаневски, а нивниот прв проект насловен како „Овчеполско оро“, снимен во дворот на црквата Свети Никола во Свети Николе, веќе е во процес на постпродукција и наскоро ќе биде претставен пред публиката. Работат и на краткиот филм „Овчеполски филм“ и на документарен филм насловен како „Древното Овче Поле во новото време“

Годинава се очекува и објавување на скратена верзија од магистерскиот труд на Ристевски, одбранет на Меѓународен Славјански Универзитет Г.Р  Державин во Свети Николе во 2017 година насловен како „Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал во Овчеполската Котлина“. Во подготовка за лекторирање и официјално објавување се и книгите:

  • Овчеполската борба за слобода и човечки правдини
  • Имагинариум – книга П
  • Македонски приказни
  • оКулт – збирка со поезија
  • Зборник за Кратово – книга втора
  • Александриа
  • Бела Зора
  • Овчеполските села

Преку овие проекти не само што се прикажуваат и претставуваат културното наследство и природните ресурси на големото Овчеполие,  туку и се поттикнува негување на древната традиција, но и се создаваат услови за идни проучувања и конкретни проекти за економски раст и развој на регионот кои што би допринеле до економска одржливост. 



Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.