Евлија Челеби и Овчеполските шуми

Првите сознанија за шумите на територијата на Македонија ги среќаваме кај познатиот турски патеписец и историчар Евлија Челебија. Тој во своите патеписи, минувајќи низ Овчеполието, запишал дека кога минувал со карванот крај Килисали имал потреба да изнајмува луѓе од месното население кои ги кастреле шумите за караванот непречено да помине. Во тоа време Овче Поле, […]

Реката Брегалница

Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има […]

Богословец – меѓу сонот и јавето

Богословец и припаѓа на старата, на древната Македонија. Повеќе од две илјади години стара населба, со пат послан со бели, мазни камења, влечкани од ниската рамнина отаде селото – што води до стаклените кристали, низ разурнати зданја, стари кули…до напуштениот подземен ископ на стаклените кристали и злато. МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТООсаменикот од БогословецНевидливиот коњ на […]

Овчеполската котлина – Јован Трифуновски, 1964 година

Овчеполската котлина претставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот полуостров. Лежи во сливот на Светиниколска река, десна притока на Брегалница. Околу Овчеполската котлина се наоѓаат други соседни области: масивот Осогово на североисток, Кумановско – прешевската долина на север, Скопската котлина на северозапад, Велешката котлина на југозапад, долниот дел од сливот на Брегалница на југ, […]

Легенда за Овчеполското село Кнежје

Наспроти мошне активната миграција во правец на градот, кај селаните во Кнежје сеуште е сочувана традицијата за постоење на средновековна тврдина, која живее во легенди. Во првата легенда се кажува дека тврдината била закриена со дабова шума, така што турските освојувачи откако тешко ја нашле, долго време ја држеле опседната, бидејќи неможеле да најдат влез […]

Борба за пазарен ден во Овче Поле – 19 век

Во Овче Поле, покрај Свети Николе постоело уште едно поголемо пазариште за крупна стока и за житни производи, кое што се наоѓало во селото Немањици. За разлика од пазарот во Свети Николе, каде што најчесто доаѓале трговци од Велес и Штип, на пазарот во Немањици најмногу доаѓале Грци и Власи. Со оглед на тоа што […]

„Ѓаволската река“ од Овче Поле во книга од 19 век

…преку тесната и стрмна “Ѓаволска река”, така наречена затоа што според верувањето на локалните жители тој теснец бил отворен од ѓаволот… Малку под Свети Никола реката излегува во сопствено Овче Поле, каде што тече преку северната му половина. Како и целата околина, долината на таа рекичка тука е лишена од дрвја и растенија; еден тесен раб […]

За Овчеполската нафта и шкрилците…

Има ли нафта во Македонија или нема? На оваа тема кај нас се дебатира, за неа се пишува цели четириесет години. Дилемата трае од 1968 година, кога екипа на „Нафтагас“ од Нови Сад дојде во овчеполската рамнина и започна да трага по црното злато. Дупчалките на оваа компанија, под топлото сонце овчеполско, во атарот на […]

Во Свети Николе и Овче Поле – многу нови книги, филмови и научна работа

Во Свети Николе се објавуваат новите книги за овој град и за целиот Овчеполски регион. Истражувачот на Mакедонското културно наследство и природни ресурси, м-р Никола Ристевски ја продолжи едицијата Зборник за Овче Поле, со што годинава збирката зборници стига до своето петто издание. Книгите Зборник за Овче Поле книга прва, втора, трета, четврта и петта […]